свет

Околу 60 мигранти одбиени од Италија и Малта пристигнаа во Барселона

Спасувачки брод со 60 мигранти пристигна во пристаништето во Барселона откако Италија и Малта одбија пристап до нивните пристаништа, втор пат во рок од еден месец

?kipa  | 04.07.2018 - Обновена : 05.07.2018
Околу 60 мигранти одбиени од Италија и Малта пристигнаа во Барселона АА/Архива

Barcelona

БАРСЕЛОНА (АА) - Спасувачки брод со 60 мигранти пристигна во пристаништето во Барселона откако Италија и Малта одбија пристап до нивните пристаништа, втор пат во рок од еден месец, пренесува Anadolu Agency (AA).

Одбивањето на Италија и Малта ја принуди хуманитарната група со денови да патува до шпанското пристаниште за да ги испорача мигрантите кои се спасени во централниот дел на Средоземното Море.

Бродот „Опен армс“ (Open arms) вплови денес во пристаништето во североисточниот дел на Барселона. Меѓу мигрантите што се наоѓаа на бродот се и пет жени, деветгодишно момче и четворица тинејџери кои ќе минат низ медицински преглед и низ процес на идентификација.

Службениците наведоа дека спасените мигранти доаѓаат од 14 различни земји и дека се во добра здравствена состојба.

Од Меѓународната, хуманитарна невладина организација „Лекари без граници“, е наведено дека повеќе од 500 лица го загубиле животот во водите на Медитеранот, откако Италија и Малта во јуни одбија францускиот хуманитарен брод „Аквариус“ да пристапи до нивните пристаништа.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.