Büşra Selvi Öğütcen
23 Декември 2019•Ажурирај: 23 Декември 2019
АНКАРА
Починаа 11 лица затруени од алкохол во подрачјето на Лагуна, јужно од Манила, главниот град на Филипини, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста што ја објави филипинскиот „Инкирер њуз“ („Inquirer News“), полковникот Елеазар Мата, началник на безбедноста на Лагуна, соопштил дека 11 лица, коишто пиеле вино од индиско оревче, починале.
Полковникот Мата информираше дека викендов 301 лице, кои на различни места консумирале вино од индиско оревче, се префрлени во болница.
Во извештајот што го објави полицијата на Лагуна се наведува дека е започната истрага за сопственикот на застапништвото за продажба на споменатиот алкохол.
Гувернерот на Лагуна, Рамил Ернандес, привремено ја забрани продажбата на вино од индиско оревче.