Gökhan Kavak
14 Јануари 2018•Ажурирај: 15 Јануари 2018
АБУЏА (АА) - 1 590 мигранти од Нигерија кои беа фатени во Либија во обид нелегално да преминат во Европа, беа вратени во нивната матична земја, пренесува Anadolu Agency (AA).
Нигериската агенција за управување со вонредни состојби (НЕМА) соопшти дека 1 590 илегални мигранти изминатата недела биле вратени од Либија во Нигерија.
Некои мигранти кои претходно се вратија од Либија во Нигерија порано тврдеа дека 20 од нивните сонародници биле продадени за 735 долари.
Податоците од нигерискиот Центар за миграции покажува дека 16 387 илегални мигранти од Нигерија минатата година биле депортирани од неколку земји, вклучувајќи ги Либија, Италија и Саудиска Арабија.
Жителите на Нигерија поради економската криза и корупцијата живеат во многу лоши услови. Илјадници луѓе се принудени да ги напуштат своите домови поради судирите.