Ekipa
06 Април 2017•Ажурирај: 07 Април 2017
БРИСЕЛ (АА) - Европските пратеници преку гласање ја отстранија и последната пречка на патот кон целосно укинување на трошоците за роаминг, за граѓаните на Европската Унија, јавува Anadolu Agency (AA).
Андрус Ансип, заменик-претседател на Европската комисија, соопшти дека од 15 јуни, луѓето ќе можат да ги користат мобилните услуги, особено за пренос на податоци, без страв од високи сметки кога патуваат во Европската Унија.
Европскиот Парламент го усвои текстот и веќе неформално е договорен со Советот, со 549 гласови за, 27 против и 50 воздржани.
Со предлог-регулативата се утврдуваат граничните вредности на износот што операторите можат да го наплатат едни на други за користењето на својата мрежа за обезбедување роаминг услуга.
Во тие горни граници се опфатени сите гласовни повици, текстуални пораки и користење на податоци. Големопродажните цени на роамингот директно влијаат на крајните сметки на потрошувачите.
Граѓаните на ЕУ досега мораа да плаќаат големи сметки за користење роаминг за време на посетата или работно патување во други земји-членки на Европската Унија.