Ekrem Biçeroğlu
23 Декември 2021•Ажурирај: 24 Декември 2021
АДЕН (АА) - Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР) соопшти дека 150.000 Јеменци се раселени поради насилниот конфликт во 2021 година, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Семејствата во Јемен продолжуваат да се раселуваат поради конфликтите и влошената економска ситуација“, се вели во соопштението на профилот на Твитер на УНХЦР.
Исто така, се наведува дека приближно 150.000 Јеменци, главно од Мариб, Таиз и Худејда, морале да ги напуштат своите домови во 2021 година.
Во соопштението во кое не се наведени детали, се нагласува: „УНХЦР и нејзините партнери им помагаат на раселените лица со пари, засолниште и заштита.“
Легитимната Влада на Јемен вчера соопшти дека бројот на раселени лица од почетокот на војната е зголемен на 4.100.000.
- Граѓанската војна во Јемен -
Во Јемен, каде што долго време владее политичка нестабилност, Хусите поддржани од Иран од септември 2014 година го контролираат главниот град Сана и некои региони.
Коалициските сили предводени од Саудиска Арабија од март 2015 година ја поддржуваат јеменската Влада против Хусите.
Конфликтите во земјата се интензивираат во Мариб и неговата околина, кое е едно од најважните упоришта на Владата и претставува регион во кој се наоѓаат извори на нафта и природен гас.