Sinan Doğan
22 Јуни 2022•Ажурирај: 24 Јуни 2022
БОГОТА (АА) - Густаво Петро, кој победи на претседателските избори одржани во Колумбија на 19 јуни, соопшти дека имале пријателска средба со американскиот претседател Џо Бајден, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во однос на телефонскиот разговор со Бајден на својот профил на Твитер, Петро напиша: „На патот кон поинтензивни и нормални дипломатски односи, имав многу пријателски состанок со претседателот на Соединетите Американски Држави, Бајден.“
Од друга страна, колумбискиот претседател Иван Дуке, на својот профил на Твитер му честиташе на Петро за изборната победа и додаде: „Како Колумбијци излеговме на избори, ги искажавме нашите ставови. Првото нешто што мора да се прифати за да се одбрани демократијата е гласот на народот. Ја изразив мојата поддршка за транспарентна и ефективна транзиција.“
Петро во своето обраќање на ноќта на изборите, рече: „Време е да разговараме со американската Влада. Предлагам сите влади на Северна и Јужна Америка да седнат и да разговараат за да се забрза енергетската транзиција.“
Во вториот круг од претседателските избори одржани во Колумбија на 19 јуни, Петро, левичарскиот кандидат на Коалицијата „Историски пакт“, беше избран за 60-ти претседател на земјата со освоени 50,46 отсто од гласовите.