Ekipa
24 Декември 2020•Ажурирај: 25 Декември 2020
АНКАРА (АА) - На новинар на Агенција Анадолија денеска му беше доделена награда за неговото револуционерно известување за опресијата и траумата со кои се соочуваат жените од Бангладеш кои бараат работа во Саудиска Арабија.
„Ми претставува огромно задоволство што оваа награда ќе ме охрабри, во деновите што доаѓаат да работам повеќе во една од најголемите светски медиумски платформи, Агенција Анадолија“, рече Мд. Камрузаман, добитник на Наградата за медиуми за миграции за 2019 година.
Наградата се доделува во рамките на проектот финансиран од Европската Унија „Бангладеш: Одржлива реинтеграција и подобрување на управувањето со миграциите - локално позната како Проташа - кој го спроведува Меѓународната организација за миграции во партнерство со меѓународната организација за развој BRAC предводена од Владата на Бангладеш.
Камрузаман е награден за неговиот прилог за мигрантките од Бангладеш во Саудиска Арабија со наслов „Сонот се претвора во терор за жените од Бангладеш во Арабија“, објавен од Агенција Анадолија на 17 ноември 2019 година.
„За првпат новинар од Бангладеш како претставник на странски медиум [претставништво] ја освојува наградата“, рече Шарифул Ислам Хасан, шеф на Програмата BRAC, на доделувањето на наградата во главниот град Дака.
Нарекувајќи ја наградата „голем извор на инспирација за известување за миграциските прашања“, Имран Ахмед, министер за иселеници во странство и вработување во странство на Бангладеш, ги повика новинарите да бидат исклучително одговорни во известувањето за миграциските прашања бидејќи тоа е многу клучен аспект на современиот свет.
Вкупно 13 новинари и една медиумска организација беа избрани за награди во шест категории за нивното „извонредно и влијателно“ известување за миграциите.
Изразувајќи благодарност до Агенција Анадолија, Камрумзаман рече: „Благодарен сум на Агенција Анадолија што пружи една голема платформа за известување за сите витални прашања и со сето срце ме водеше да ја покривам оваа приказна за мигрантите.“