свет

Новата игра на терористичката ЈПГ/ПКК наречена СДГ

Организацијата близу границата со Турција, наместо ЈПГ/ПКК, ќе се идентификува како СДГ

Ekipa  | 17.06.2019 - Обновена : 18.06.2019
Новата игра на терористичката ЈПГ/ПКК наречена СДГ

АНКАРА (АА) - Терористичката организација ЈПГ/ПКК, со префрлувањето на таканаречените воени совети во окупираните места Тел Абјад и Ајн ал Араб (Кобани), што се наоѓаат на границата со Турција, под надлежност на Сириските демократски сили (СДГ), инаку огранок на ПЈД/ПКК во Сирија, одлучи да продолжи да го крие своето постоење, јавува Anadolu Agency (AA).

Според информации од локални извори во регионот, ЈПГ/ПКК, таканаречените воени совети во Тел Абјад и Ајн ал Араб (Кобани), кои се наоѓаат во покраината Рака, близу границата со Турција, ги префрли на Сириските демократски сили (СДГ), чие име го користи. 

Изворите велат дека задачите на таканаречените воени собранија се одбраната на градот и граничната безбедност. 

Изворите, исто така, истакнуваат дека на тој начин организацијата близу границата со Турција, наместо ЈПГ/ПКК, ќе се идентификува како СДГ. 

На 12 октомври 2015 година, ЈПГ/ПКК ги собра под името СДГ неколкуте мали групи во Сирија, што ги поддржуваа со оружје и логистика. 

Оттогаш, терористичката организација ЈПГ/ПКК, која под окупација држи една третина од Сирија, го користи името СДГ. 

САД, кои ПКК ја прифаќаат како терористичка организација, за да најдат покритие за соработката со нив им го дадоа името СДГ. 

Командантот на Специјалните сили на Соединетите Американски Држави (САД), генерал Рејмонд Томас, на 22 јули 2017 година призна дека ЈПГ по нивна препорака го сменила името во „Сириски демократски сили“ (СДГ). 

За да покаже дека власта во окупираните места се наоѓа кај народот од регионот, терористичката организација формира цивилни и воени собранија. 





На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın