Elena Teslova
16 Декември 2022•Ажурирај: 18 Декември 2022
МОСКВА (АА) - Во цела Украина, вклучително и главниот град Киев, денеска се огласија сирените поради заканата од руски воздушни напади, јавува Агенција Анадолија (АА).
Локалните власти во градовите Киев, Днепар, Виница, Запорожје и Кривји Рих пријавија експлозии и материјална штета по нападите.
Шефот на Регионалната администрација во Харков, Олег Синегубов, на социјалната мрежа Телеграм објави дека градот е без струја и дека се погодени инфраструктурните објекти.
Гувернерите на украинските региони и воените претставници ги повикаа жителите да се евакуираат преку јавните канали за комуникација.
На Крим, кој беше анектиран од Русија во 2014 година, не се издадени никакви предупредувања.
Русија започна речиси секојдневни воздушни напади, особено врз цивилната и енергетската инфраструктура, по нападот на 8 октомври извршен на мостот „Керч“, кој ја поврзува Русија со полуостровот Крим.