Burç Eruygur
29 Ноември 2022•Ажурирај: 30 Ноември 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Сирените за воздушна опасност се огласија денес низ Украина, вклучувајќи го и главниот град Киев, поради претстојните руски напади, објавија локални официјални претставници, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Локалните власти преку социјалната мрежа Телеграм ги повикаа жителите да одат во засолништата.
Андриј Јермак, шеф на Канцеларијата на украинскиот претседател, ги повика Украинците да не ги игнорираат предупредувањата.
Никакви предупредувања не беа издадени во Крим, кој беше анектиран од Русија во 2014 година.
Сирените за воздушна опасност се огласуваат речиси секојдневно поради можни напади насочени кон цивилните и енергетските структури.
Операторот на електричната мрежа на Украина објави дека електроенергетскиот систем на земјата доживеал недостиг на електрична енергија од 30 отсто поради влошените временски услови и прекините на струја предизвикани од руските напади минатата недела.