Adam Abu-bashal
18 Декември 2020•Ажурирај: 20 Декември 2020
АБУЏА - Ослободени се повеќе стотици ученици кои беа киднапирани од страна на терористичката организација Боко Харам во нигериската провинција Катсина, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Владиниот секретар на провинцијата Катсина, Мустафа Мухамед Инува, во изјавата дадена за новинарите информира дека ослободени се стотиците ученици кои биле киднапирани од страна на Боко Харам од интернатот во подрачјето на Канкара.
Припадниците на Боко Харам, вечерта на 11 декември изведоа напад врз интернат во подрачјето Канкара, киднапирајќи повеќе од 500 ученици.
Министерот за одбрана на Нигерија, Башир Салихи Магаши, при својата посета на местото на нападот вети дека многу скоро учениците ќе бидат ослободени.