Adam Abu-bashal
17 Април 2021•Ажурирај: 18 Април 2021
АБУЏА
Во нападот на терористичката организација Боко Харам во североисточниот дел на Нигерија загинаа 18 лица, додека 21 лице се повредени, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Гувернерот на нигериската сојузна држава Борно, Бабагана Зулум, истакна дека по нападот на припадниците на Боко Харам во зоната Дамасак го посетил ова место.
Тој рече дека како резултат на нападот смртно настрадале 18 лица, додека 21 лице се повредени.
Зулум нагласи дека за време на оваа посета на Војската ѝ се предадени 12 безбедносни возила за борба против Боко Харам.
Од друга страна, портпаролот на нигериската Војска, Мухамед Јерима, соопшти дека Војската извршила воздушни и копнени операции против Боко Харам во зоната Мобар при Борно.
Јерима информира дека во рамки на операциите убиени се голем број припадници на Боко Харам, а уништени се и упориштата на терористите.
Инаку, во колективните акти на тероризам, што од 2009 година досега ги изврши терористичката организација Боко Харам во Нигерија, загинаа над 20.000 лица.