свет

Нетанјаху: И покрај меѓународниот притисок ќе започнеме копнен напад врз Рафа

Нетанјаху рече дека има меѓународен притисок врз нив да не извршат копнен напад врз Рафа, но дека тие сепак ќе влезат во овој град, каде што се засолнети 1,5 милиони Палестинци

Mustafa Deveci  | 14.03.2024 - Обновена : 15.03.2024
Нетанјаху: И покрај меѓународниот притисок ќе започнеме копнен напад врз Рафа

АНКАРА (АА) - Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху порача дека и покрај меѓународниот притисок ќе се започне со копнен напад врз Рафа, јавува Анадолу.

Во Рафа засолниште најдоа голем број Палестинци од различни делови на Појасот Газа.

Нетанјаху рече дека има меѓународен притисок врз нив да не извршат копнен напад врз Рафа, но дека тие сепак ќе влезат во овој град на подрачјето на палестинската енклава.

Според писмената изјава на Канцеларијата за медиуми на израелскиот премиер, Нетанјаху дал оцена за нападите врз Газа при посетата на една воена единица.

„Додека израелската војска се подготвува да продолжи со борбите во Рафа, ние се соочуваме со меѓународен притисок што нѐ спречува да влеземе во тоа подрачје и да ја завршиме работата. Како премиер на Израел, ќе ги одбијам сите овие притисоци и ќе влеземе во Рафа“, рече Нетанјаху.

Израелската администрација веќе подолго време говори дека ќе започне копнен напад врз Рафа, каде што се засолнети околу 1,5 милиони Палестинци.

Меѓународната заедница го повикува Израел да не го преземе овој чекор, наведувајќи дека копнениот напад врз Рафа ќе има сериозни последици.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.