свет

Нетo-миграцијата во Обединетото Кралство падна за речиси 80% од 2023 година

Привремените податоци на Канцеларијата за национална статистика покажуваат дека миграцијата додала 204.000 лица во популацијата на Велика Британија во периодот од јули 2024 до јуни 2025 година, намалување од речиси 70% во однос на претходната година

Burak Bir  | 27.11.2025 - Обновена : 27.11.2025
Нетo-миграцијата во Обединетото Кралство падна за речиси 80% од 2023 година

ЛОНДОН (АА) – Нето-миграцијата во Обединетото Кралство се намали за речиси 80% од врвот со 944.000 лица во 12 месеци до март 2023 година, покажуваат официјалните податоци објавени денес, јавува Анадолу.

Привремените податоци на Канцеларијата за национална статистика (ОНС) покажуваат дека миграцијата додала 204.000 лица во популацијата на Велика Британија во периодот од јули 2024 до јуни 2025 година, што претставува намалување од речиси 70% во однос на претходната година, кога бројката изнесувала околу 650.000.

Според податоците, ова е пад од 80% во споредба со максималната бројка од речиси еден милион, 944.000 луѓе, во 12 месеци до март 2023 година.

Исто така, ова претставува најниска бројка од периодот на пандемијата на КОВИД-19 кога нето-миграцијата изнесуваше 132.000 во 12 месеци до март 2021 година.

Податоците на ОНС, исто така, покажаа дека 898.000 луѓе емигрирале во Велика Британија во периодот помеѓу јули 2024 и јуни 2025 година, што е намалување за повеќе од 400.000 луѓе во однос на годината пред тој период.

Одделно, повикувајќи се на податоци од Министерството за внатрешни работи, Би-би-си објави дека во период од 12 месеци заклучно со септември 2025 година, биле детектирани 51.000 пристигнувања преку незаконски патишта, како што се мали чамци и други прикриени начини како камиони и комбиња. Од нив, имало 46.000 пристигнувања со мали чамци.

Најзастапени националности меѓу оние што пристигнале со мали чамци се од Еритреја (17%), Авганистан (13%), Иран (11%), Судан (10%) и Сомалија (8%).

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.