Sinan Doğan
06 Октомври 2024•Ажурирај: 07 Октомври 2024
КАРАКАС (АА) - Неколку илјади луѓе се собраа во јужноамериканската земја Венецуела во знак на протест против геноцидот што Израел го спроведува во Газа веќе една година, известува Анадолу.
На булеварот Франциско де Миранда во главниот град Каракас вчера илјадници луѓе се собраа и маршираа со палестински и либански знамиња во рацете.
Протестирајќи против геноцидот што Израел го спроведува во Газа веќе една година, демонстрантите порачаа дека се солидаризираат со Палестина и Либан.
Демонстрантите со транспарентите што ги носеа го привлекоа вниманието кон израелскиот геноцид во Газа и ја повикаа меѓународната заедница да преземе акција.
Во својот говор пред демонстрантите, палестинскиот амбасадор во Каракас, Фади Алзабен, зборуваше за убиените Палестинците во израелските бомбардирања и гранатирања.