Servet Günerigök
05 Септември 2023•Ажурирај: 06 Септември 2023
ВАШИНГТОН (АА) - Најмалку 23 лица се повредени вчера кога возило влетало во ресторан во американската сојузна држава Тексас, соопшти полицијата, пренесува Анадолу.
Несреќата се случила околу пладне кога спортско теренско возило (СУВ) влетало во ресторанот „Денис“ во Росенберг, предградие на Хјустон.
„Има и полесно и потешко повредени, но ниту еден од повредените не е во животна опасност“, информираше шефот на полицијата на Росенберг, Џонатан Вајт, на социјалната мрежа Х, претходно позната како Твитер.
Тој рече дека старосната граница на повредените е од 12 до 60 години.
Возачот на возилото не е повреден, а истрагата за причината за несреќата е во тек.