Hosni Nedim,Safiye Karabacak
20 Декември 2024•Ажурирај: 20 Декември 2024
ГАЗА (АА) - Најмалку 20 Палестинци се убиени, а повеќе од 30 се ранети во нападите на израелската армија врз училиштата „Шабан ал-Рајс“ и „Дар ал-Аркам“, каде се засолниле раселените Палестинци, во источниот дел на градот Газа, известува Анадолу.
Според информации добиени од здравствени извори, израелски воени авиони извршиле три воздушни напади врз училиштата „Шабан ал-Рајс“ и „Дар ал-Аркам“, во областа Туфах.
Потврдено е дека во нападите се убиени најмалку 20 лица, а повеќе од 30 се повредени, претежно деца и жени.
Екипите за итни случаи ги префрлија ранетите во болницата Ал-Ахли во центарот на градот Газа. Очевидци изјавија дека нападите предизвикале големи оштетувања во двете училишта и врз соседните куќи.