На 22 се зголеми бројот на загинати при уривање на две згради во Мароко
- Две соседни згради, во кои живееле 8 семејства, во населбата Мустакбел, во Фес, се урнале во вторникот вечерта.
РАБАТ
Бројот на загинати се зголеми на 22, а 16 се повредени, при уривањето на две згради во Фес, во северниот дел на Мароко, известува Анадолу.
Мароканската државна телевизија „Канал 2“ објави дека две соседни згради, во кои живееле 8 семејства, во населбата Мустакбел, во Фес, се урнале во вторникот вечерта.
Во несреќата животот го загубиле 22 лица, а 16 се повредени.
Безбедносните сили и тимовите за цивилна одбрана продолжуваат со операциите за пребарување и спасување. Областа околу урнатите згради е блокирана од безбедносни причини, а евакуирани се жителите на соседните згради.
Сè уште не е дадено официјално соопштение во врска со причината за уривањето на зградите.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
