свет

Најмалку 18 лица загинаа во руски ракетен напад врз трговски центар во Украина

- Нападот врз трговскиот центар „Амстор“ предизвика огромен пожар и исфрли темен чад на небото, што се гледа на снимките споделени на социјалните мрежи.

Seda Sevencan  | 28.06.2022 - Обновена : 29.06.2022
Најмалку 18 лица загинаа во руски ракетен напад врз трговски центар во Украина

ИСТАНБУЛ (АА) - Во руски ракетен напад врз трговски центар во украинскиот град Кременчук загинаа најмалку 18 лица, а многу други беа повредени, соопштија денес украинските власти, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Нападот врз трговскиот центар „Амстор“ предизвика огромен пожар и исфрли темен чад на небото, што се гледа на снимките споделени на социјалните мрежи.

Украинскиот претседател Владимир Зеленски изјави дека во моментот на нападот во трговскиот центар имало повеќе од 1.000 цивили.

„За жал, досега 18 лица загинаа во рускиот напад“, изјави на Телеграм Дмитро Лунин, гувернер на централната област Полтава, додавајќи дека 36 лица се водат како исчезнати, додека спасувачите продолжуваат со потрагата низ урнатините.

„Повеќе од илјада луѓе работеа цела ноќ на урнатините - спасувачи, полиција, медицински лица и волонтери“, рече тој.

Додека Западот го осуди нападот, Зеленски го нарече „еден од најхрабрите терористички напади во европската историја“ и дека Русија станала „најголемата терористичка организација во светот“.

Претходно, украинските воздухопловни сили соопштија дека трговскиот центар бил погоден од два проектили со долг дострел Х-22 истрелани од бомбардери Ту-22М3 од аеродромот „Шајковка“ во рускиот регион Калуга.

Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, рече дека одговорот на светот треба да биде „повеќе тешко оружје за Украина, повеќе санкции кон Русија и повеќе бизниси да ја напуштат Русија“.

Министерството за одбрана на земјата соопшти дека „противракетните системи во стилот на НАТО ќе спречат нови трагедии“.

Повеќе од 4.700 цивили се убиени во Украина од почетокот на војната на 24 февруари, додека над 14 милиони луѓе биле принудени да ги напуштат своите домови, според ОН.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.