Mustafa Çağlayan
24 Јануари 2016•Ажурирај: 25 Јануари 2016
ЊУЈОРК (АА) - Првото снежно невреме оваа сезона, кое го зафати истокот и југоистокот на САД, до сега однесе 18 животи, додека во 11 сојузни држави е прогласена вонредна состојба, јавува Anadolu Agency (AA).
Смртните случаи се пријавени во Кентуки, Мериленд,Северна Каролина, Тенисеј и Вирџинија. Функционрите тврдат дека со олујата се зафатени 85 милиони жители. Заклучно со сабота навечер, откажани се повеќе од 10.800 летови поради невреме.
Според последните мерења, највеќе снег има во Западна Вирџинија(101 сантиметар), што се смета за рекорд. Од друга страна, силниот ветер во Вирџинија, Мериленд и Пенсилванија нанесе снег со висина од 76 сентиметри.
Бил де Бласио, градоначалникот на Њујорк, каде е во сила забраната за движење на возилата, рече дека "најверојатно станува збор за најголемото снежно невреме во американската историја". На граѓаните на Њујорк им е порачано да не ги напуштаат своите домови без голема потреба.
Податоците на државната метереолошка служба покажуваат дека во најголемиот градски парк на Менхетен се измерени 63,7 сентиметри снег, со што е надминат рекордот од 26,9 сентиметри од 2006 година.
На брегот Њу Џерси невремето предизвика големи браноци кои доведоа до поплави во повеќе градови.
Метереолозите објавија дека очекуваат невремено постепено да почне да слабее кон средината на денот.