Oktaj Omeragikj
07 Април 2025•Ажурирај: 07 Април 2025
ХАН ЈУНУС (АА) - Израелската Армија изврши напад во близина на болницата „Насер“ на југот на Појасот Газа. Во нападот е погоден шаторот во кој престојуваа новинарите, известува Анадолу.
Во нападот што Израел го изврши врз градот Хан Јунус убиен е новинарот Хилми ал Факави, а повредени се голем број новинари.
Повредените се префрлени на лекување во болницата „Насер“.
Поради нападот се запали шаторот во кој биле сместени новинарите.
- Израелски напади на Појасот Газа
Од 7 октомври досега, во израелската геноцидната војна врз Појасот Газа се убиени приближно 50.700 Палестинци, а повеќе од 115.340 се повредени.
На 19 јануари стапи на сила прекинот на огнот и размена на заробеници во Појасот Газа. И покрај тоа, израелската војска ненадејно ја продолжи воздушната кампања врз Појасот Газа на 18 март. Оттогаш се убиени повеќе од 1.330 Палестинци, а над 3.300 се повредени.
Во ноември минатата година, Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана, Јоав Галант, за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.
Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговите постапки во енклавата.