Aliia Raimbekova
14 Септември 2017•Ажурирај: 15 Септември 2017
АСТАНА (АА) - Претседателот на Казахстан, Нурсултан Назарбаев, соопшти дека доколку Обединетите нации донесат одлука, можно е Казахстан да испрати војсКа во Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателот Назарбаев во главниот град Астана, во палатата Акорда организираше прес-конференција, на којашто ги информираше медиумите дека во Астана денес започна шестиот круг од преговорите за Сирија.
Назарбаев потсети дека на претходните средби во Астана беа прогласени подрачја без судири, и додаде дека на денешната средба ќе се дискутира за да се прогласат нови подрачја без судири.
Претседателот Назарбаев истакна дека поради кризата во Сирија, голем број лица загинале или имаат статус на бегалец.
На прашањето дали Казахстан ќе испрати војска во Сирија, Назарбаев одговори: „Доколку Обединетите нации донесат одлука да се испратат некои сили (во Сирија), тогаш ние како членка на ОН ќе испратиме свои војници таму“.