свет

Над 30 загинати во САД поради зимската бура

Предупредувања за екстремно студено време се издадени за поголемиот дел на централниот и источниот дел на САД, со поларен вртлог очекуван да постави рекорди во некои делови на јужните и североисточните области оваа недела

Büşra Nur Çakmak, Michael Gabriel Hernandez  | 27.01.2026 - Обновена : 27.01.2026
Над 30 загинати во САД поради зимската бура

ВАШИНГТОН/АНКАРА (АА) – Најмалку 34 лица го загубија животот, додека милиони Американци се обидуваат да се справат со екстремниот студ што го зафати поголемиот дел на Соединетите Американски Држави (САД) изминативе денови, од силната зимска бура која натрупа големи количини снег и мраз, јавува Анадолу.

Предупредувања за екстремно студено време се издадени за поголемиот дел на централниот и источниот дел на САД, со поларен вртлог очекуван да постави рекорди во некои делови на јужните и североисточните области оваа недела. Студениот фронт исто така ќе го отежни расчистувањето на снегот и мразот во повеќе сојузни држави, бидејќи по секое топење ќе дојде до повторно замрзнување при пад на температурите.

Според прогнозата, во некои области нема да има температури над точка на мрзнење сѐ до почетокот на февруари. Се предвидува дека Средниот Запад особено ќе биде погоден од исклучително ниски температури.

По еден смртен случај е пријавен во сојузните држави Канзас, Кентаки, Мичиген, Охајо, Јужна Каролина, Њу Џерси, додека во Арканзас, Масачусетс и Мисисипи има по два смртни случаи, истовремено Пенсилванија, Тексас, Луизијана пријавија по тројца загинати, Тенеси 4 жртви, и 9 загинати во Њујорк, според „Ју-ес-еј тудеј“.

Една жена во Канзас почина поради хипотермија, додека друга жена во Масачусетс загинала откако била удрена од машина за чистење снег. Временските услови не го одминаа и Тенеси, кој брои четири загинати лица поврзани со екстремното време, соопштува Министерството за здравство.

Официјални претставници, цитирани од „Њујорк тајмс”, известуваат дека најмалку осум лица се пронајдени мртви за време на викендот во Њујорк.

Во Минесота, последниот град погоден од немирите поради мерките на американскиот претседател Доналд Трамп за ограничување на миграцијата, се очекуваше пад на температурите до максимални минус 25 степени во понеделникот, додека во појужните делови, вообичаено потоплите градови во сојузната држава Тексас, Сан Антонио и Остин бележат максимални температури до минус 7 степени Целзиусови.

Северниот ветер најверојатно ќе создаде постудено чувство отколку што ќе покаже термометарот во повеќето делови низ земјата.

За многумина, студениот фронт не можеше да дојде во полошо време. Стотици илјади граѓани низ 11 сојузни држави се без електрична енергија во своите домови, вклучувајќи над 29.000 домаќинства во Тексас, 182.000 во Тенеси, 14.000 во Мисисипи и 100.000 во Луизијана.

Вкупно, околу 539.000 домаќинства се без електрична енергија, според последните информации на веб-страницата „Пауер аутиџ”.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın