Gözde Bayar
25 Септември 2022•Ажурирај: 26 Септември 2022
АНКАРА (АА) - Низ цел Иран продолжуваат протестите што избувнаа поради смртта на 22-годишната девојка која била приведена, а локалните медиуми објавија дека бројката на загинати на демонстрациите е зголемена на 41, известува Агенција Анадолија (АА).
Иранската државна телевизија објави дека во немирите животот го загубиле 41 лице, вклучувајќи ги и демонстрантите и полицајците.
Протестите избувнаа минатата недела по смртта на 22-годишната Махса Амини, која била приведена од државната ‘полиција за морал’ во Техеран поради кршење на кодексот за облекување, а потоа се проширија во повеќе ирански градови.
Полицијата негира дека ја малтретирала Амини, наведувајќи дека девојката починала од срцев удар, но нејзиното семејство тврди дека Махса претходно немала срцеви заболувања. Властите ветија детална истрага за смртта на девојката.
Протестите избија во Техеран и во градовите на западот од земјата по погребот на Амини во нејзиниот роден град Сакез на 17 септември.
Протестите се одржуваат во голем број градови од Иран, а на многу од нив дошло до жестоки судири меѓу демонстрантите и безбедносните сили.