свет

На парламентарните избори во Алжир гласаа само 30,2 отсто од вкупно 24 милиони гласачи

Гласањето се одржа во услови на бојкот на голем број партии, меѓу кои и Фронтот на социјалистичките сили, Движењето за култура и демократија и левичарската Работничка партија

Ekipa  | 13.06.2021 - Обновена : 14.06.2021
На парламентарните избори во Алжир гласаа само 30,2 отсто од вкупно 24 милиони гласачи

АЛЖИР (АА) - Само 30 отсто од гласачите излегоа на парламентарните избори во Алжир, соопшти Изборната комисија на земјата, пренесува Агенција Анадолија (АА).

„Одзивот на гласачите на изборите достигна 30,2 отсто“, изјави за државната телевизија Мухамед Чорфи, претседател на Националната независна изборна комисија.

Повеќе од 24 милиони гласачи имаа право на глас на вчерашните парламентарни избори, први по заминувањето на долгогодишниот претседател Абделазиз Бутефлика во април 2019 година по масовните протести против неговото 20-годишно владеење.

Излезноста на гласачите изнесуваше 37,09 отсто на парламентарните избори во 2017 година, а 42,9 отсто во 2012 година.

Во саботата, алжирскиот претседател Абделмаџид Тебун ја минимизираше важноста на излезноста на изборите.

„Она што е важно е легитимноста што ќе произлезе од гласањето и легитимноста на пратениците кои ќе го претставуваат Парламентот“, изјави Тебун откако го даде својот глас.

Тебун исто така рече дека ја почитува одлуката на оние што го бојкотираа гласањето „сè додека не го наметнуваат своето мислење на другите“.

Гласањето се одржа во услови на бојкот на голем број партии, меѓу кои и Фронтот на социјалистичките сили, Движењето за култура и демократија и левичарската Работничка партија.

На изборите за првпат беше применет системот на отворена листа за избор на кандидати според новиот изборен законик. Системот со отворена листа им овозможува на гласачите да ги распоредат кандидатите на истата листа според неговите/нејзините преференции. Спротивно на него, системот со затворена листа на гласачите им нудеше да ја изберат листата утврдена од партијата.

Во март, претседателот Тебун издаде декрет со кој повика на предвремени парламентарни избори на 12 јуни, помалку од еден месец по распуштањето на Народното национално собрание, Долниот дом на Парламентот.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın