Behlül Çetinkaya
19 Март 2019•Ажурирај: 20 Март 2019
Генерал-потполковникот Асим Салим Бажва, командант на Јужните сили на пакистанската Армија, соопшти дека од следната недела ќе се постави жичена мрежа на 950-километри долгата граница меѓу Пакистан и Иран, пренесува Anadolu Agency (AA)
Бажва, говорејќи на еден состанок одржан во градот Куета, рече дека граничното управување и безбедноста на Пакистан, вклучувајќи ја и провинцијата Белуџистан, се особено важни за безбедноста на земјата.
Изјавувајќи дека ќе се постави жичена мрежа и на границата со Авганистан, Бажва рече дека мрежата е веќе поставена на должина од 370 километри, додека процесот за поставување на жичена мрежа на 950-километри долгата граница меѓу Иран и Пакистан ќе започне следната недела.
По терористичките напади на иранската Револуционерна гарда во февруари, Пакистан беше критикуван дека не може доволно да ја обезбеди граничната безбедност од страната на Иран.
Иран тврдеше дека организациите кои извршуват напади во земјата се кријат во Пакистан.
Минатиот месец, на средбата со претставниците на странските медиуми во Пакистан, портпаролот на Армијата на Пакистан, Асиф Гафур, истакна дека ќе се постави жичена мрежа меѓу границите на Пакистан со Иран и со Авганистан за да се спречи преминувањето на терористите кои се движат меѓу Авганистан, Иран и Пакистан.