Vesna Besic
24 Октомври 2021•Ажурирај: 26 Октомври 2021
ВАШИНГТОН
Во Ново Мексико се одржа комеморација по повод смртта на 42-годишната директорка на фотографија Халина Хачинс, која случајно, во четвртокот ја уби познатиот американски глумец Алек Болдвин, кога испукал од реквизитен пиштол што по грешка бил наполнет со вистински куршуми, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во реквизитното оружје со кое холивудскиот глумец Алек Болдвин (68) на филмскиот сет во Ново Мексико во четвртокот ја уби директорката на фотографија Хачинс и го рани режисерот Џоел Соуза (48) имало вистински куршуми, потврдено е во истрагата.
На комеморацијата присуствувал и Болдвин, заедно со сопругата и синот на трагично настраданата снимателка. Биле присутни само членовите на семејството и пријателите.
Хачинс беше директорка на фотографија во филмот „'Рѓа“ што се снимал во сојузната американска држава Ново Мексико. Режисерот Џоел Соуза е ранет, но не е позната неговата состојба. Кажано е дека му е укажана помош и дека е пуштен од болница.