Cüneyt Karadağ
23 Септември 2019•Ажурирај: 24 Септември 2019
БЕРЛИН (АА) - Германскиот министер за здравство, Јенс Шпан, истакна дека моментално во здравствениот сектор во Германиија недостигаат 80.000 болничари, а таа бројка до 2030 година ќе се зголеми на 200.000, пренесува Anadolu Agency (AA).
Министерот за здравство Шпан, во Мексико, каде што отпатува за да разговара на темата, потпиша договори со релевантните институции.
Во изјавата за телевизијата „Цет-де-еф“ (ZDF), истакнувајќи дека имаат потреба од болничари од странство како никогаш досега рече: „Оваа работа не може да се реши сè додека не дојдат болничари од странство. Моментално недостигаат 80.000 болничари. Според истражувањето на Универзитетот во Бремен, јазот продолжува да се зголемува за десетици илјади секоја година. До 2030 година ќе ни требаат 200.000 медицински болничари.“
Истакнувајќи дека Германија е втора најстара земја во светот, Шпан наведе дека тие особено сакаат да соработуваат со земјите кои имаат млада популација.
Проценето е дека недостигот на болничари ќе биде исполнет со работна сила од земји како што се Мексико и Филипини, кои имаат младо население.