Michael Gabriel Hernandez
09 Мај 2023•Ажурирај: 10 Мај 2023
ВАШИНГТОН (АА) - Над 26.000 мигранти се уапсени по должината на американско-мексиканската граница во последните три дена, изјави официјален претставник во понеделникот, додека Соединетите Американски Држави (САД) се соочуваат со пораст на миграцијата, јавува Анадолу.
Во последните 72 часа, 26.382 лица се приведени, додека 7.399 избегале од полицијата, рече шефот на американската гранична патрола Раул Ортиз Руиз. На границата се запленети и стотици килограми дрога, главно марихуана.
Откако оваа недела беа укинати строгите ограничувања против КОВИД-19 на мексиканската граница, распоредени се единици на жариштата по должината на границата за да ги пресретнат и одбијат мигрантите што се обидуваат илегално да влезат во американската сојузна држава Тексас.
Покрај праќањето на околу 1.500 војници на американско-мексиканската граница на три месеци, со цел да се зајакне капацитетот на Министерството за внатрешна безбедност, државниот секретар Антони Блинкен во април најави дека САД формираат центри за процесуирање на мигрантите во Колумбија и Гватемала за да помогнат во спречувањето на бранот.
Се очекува на локациите секој месец да се процесуираат неколку илјади мигранти, а САД работат со други земји на воспоставување додатни локации.
Според американскиот закон, секој мигрант може да побара азил во САД без оглед дали влегува во земјата легално или не.