Ekipa
09 Јули 2017•Ажурирај: 10 Јули 2017
КАРАЧИ (АА) - Брод со повеќе од 600 американски воени камиони доплови во Пакистан, од каде што во конвои ќе се префрлат во соседен Авганистан, јавува Anadolu Agency (AA).
Американските воени возила допловија кон крајот на јуни во пакистанското пристаниште во Карачи, а локалните медиуми јавуваат дека наскоро конвојот би требало да тргне кон американските воени бази во Авганистан.
Праќањето на додатна воена опрема, по пауза од шест месеци, е уште еден од сигналите дека властите на САД немаат за цел во скоро време да ја повлечет војската од зафатениот со криза Авганистан.
Весникот „English Daily Down“ (Инглиш дејли Даун) јавува дека станува збор за воени камиони „Humwee“ кои американските сили веќе ги користат во мисијата.
Последната слична испорака на воени камиони и опрема на американските сили во Авганистан стигна во јануари оваа година.
Авганистан и понатаму е средиште на длабока политичка и безбедносна криза, која се огледува во сѐ поинтензивните напади на талибанското милитантно движење и сѐ поголемото присуство на теорирстичката организација ДЕАШ.
На барање на официјален Кабул, администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп најави испраќање на дополнителни 4.500 војници во таа земја.
Моментално во Авганистан се ангажирани 8.500 американски војници, кои воглавно вршат обука на авганистанските војници и учествуваат во борбата против терористите на ДЕАШ.