Gamze Türkoğlu Oğuz
04 Јануари 2018•Ажурирај: 06 Јануари 2018
АНКАРА (АА) - На Алјаска е пронајден скелет на бебе стар 11.500 години, пренесува Anadolu Agency (AA).
Се претпоставува дека ова е ДНК на првиот жител на Америка.
Скелетот на бебе старо шест недели беше пронајден во 2013 година за време на археолошките ископувања во областа Апвард Сан Ривер, објави списанието „Naturе“ (Природа).
Генетската студија на скелетот на девојчето ја потврдува тезата дека пред 20.000 години постоела миграција на населението од Сибир во тоа подрачје. Се верува дека падот на нивото на морската вода во тоа време во Беринговиот Проток можело да предизвика суша во тоа подрачје.
Еске Вилерслев, професор од Универзитетот Копенхаген и Кембриџ, претпоставува дека овие први доселеници на Алјаска би можеле да бидат предци на домицилните жители на американскиот континент.