Burak Karacaoğlu,Eşref Musa
04 Јануари 2018•Ажурирај: 04 Јануари 2018
ИДЛИБ (АА) - Најмалку петмина цивили загинаа во воздушните напади извршени синоќа на подрачјето на сирискиот Идлиб, јавува Anadolu Agency (AA).
Мустафа Хаџ Јусуф, началникот на Цивилната заштита на Идлиб, за АА изјави дека руските воени авиони и авионите на силите лојални на сирискиот претседател Башар ал-Асад, од синоќа ги бомбардираат источните и јужните делови на Идлиб.
Потврди дека загинале петмина, а ранети биле осум цивили. Ранетите се хоспитализирани, а во тек се акциите на спасување на цивилите од под урнатините. Во последните две недели во Идлиб загинаа 65 цивили, а повредени се над 180.
Војната во Сирија започна во март 2011 година, а Идлиб е едно од подрачјата на кои најмногу се вршат воздушни напади, и покрај тоа што на состанокот во Астана одржан во септември 2017 година беше договорено Идлиб да биде една од зоните без судири.