Büşra Selvi Öğütcen
23 Декември 2021•Ажурирај: 23 Декември 2021
АНКАРА
Најмалку 3 лица загинаа, а десетици се водат како исчезнати при лизгање на земјиште во рудник за жад во Мјанмар што се случи вчера, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Противпожарната служба на Мјанмар соопшти дека акциите за спасување и потрага по исчезнатите по лизгањето на земјиштето во рудникот Хпакант во Качин“, пренесе новинската агенција „Синхуа“.
Извлечени се телата на тројца мажи. Екипите трагаат по најмалку 80 исчезнати лица за кои се верува дека се нелегални работници во рудникот.
Локалните медиуми јавуваат дека исчезнале околу 100 лица и се стравува дека бројката на загинати би можела да биде многу поголема.
Мјанмарската провинција Качин има богати резерви на жад, а поради честите рударски несреќи, тамошните власти ја забранија работата на повеќето рудници.
Жителите од регионот се соочуваат со длабока економска криза и често избираат нелегално да работат во рудниците.
Во слична несреќа пред неколку дена во еден од рудниците во Качин загинаа 10 работници. Во рудникот во Хпакант, 170 рудари загинаа во одронот што се случи во јули 2020 година.