Aşkın Kıyağan
01 Јуни 2017•Ажурирај: 02 Јуни 2017
ВИЕНА (АА) - Муслиманите од гратчето Трајскирхен, во близина на Виена, во текот на целиот месец Рамазан ќе ифтарат заедно со мигрантите, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердал Кајмаз, претседател на џематскиот одбор на џамијата Селимије во Трајскирхен, изјави дека со оваа иницијатива сака да покаже солидарност со мигрантите и за време на месецот Рамазан.
Тој истакна дека многумина муслимани кои живеат во Трајскирхен, оддалечен околу 20 километри од Виена, за време на Рамазан ќе ифтарат заедно со мигрантите.
Кајмаз додава дека веќе 17 години организираат заеднички ифтари на тоа подрачје, и напомена дека од 2015 година, на ифтарите присуствуваат и голем број мигранти кои во претходните години пристигнале во потрага по посигурен и подобар живот.
Тој истакна дека во претходните години дневно подготвувале и до 2.500 ифтари.
„Се обидуваме на овој начин да им помогнеме на нашите браќа, токму како што некогаш тоа го правеше и пратеникот Мухамед а.с.“, изјави Кајмаз.
Тој нагласи дека на ифтарите што ги организираат секоја година се формираат многу блиски пријателства.
Имамот на џамијата во Трајскирхен, Мустафа Ајхан, истакна дека на овие ифтари можат да се сретнат луѓе од сите краеви на светот.
„Тука навистина имаме многу убава атмосфера и силни пријателства. Благодарение на добрите луѓе, на овој начин им помагаме на другите. Атмосферата што владее тука не може да се опише со зборови”, изјави Ајхан.
На ифтарот инаку присуствуваат муслимани, но и припадници од другите религии и светогледи.