Adem Şalvarcıoğlu
22 Август 2018•Ажурирај: 23 Август 2018
ЊУ ДЕЛХИ (АА) - Најмалку четири лица загинаа во пожар кој утринава изби во повеќекатницата „Кристал Тауер“ во најнаселениот индиски град Мумбај, јавува Anadolu Agency (AA).
Пожарот изби на 12. кат од објектот, а хоспитализирани се најмалку 16 повредени.
Пожарникарските екипи успеаја за време на повеќечасовна борба да го стават пожарот под контрола и од зградата евакуираа десетици лица.
Истрагата за причината на пожарот е во тек.