Maımaıtımıng Yılıxıatı
19 Февруари 2019•Ажурирај: 19 Февруари 2019
АНКАРА (АА) - Високата претставничка на Европската Унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика, Федерика Могерини, предупреди дека постои можност за нови санкции кон Венецуела во секое време, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Во секој момент постои можност за одлука од страна на ЕУ за воспоставување нови санкции кон Венецуела“, изјави Могерини на прес-конференцијата по сесијата на Советот за надворешни работи на ЕУ во Брисел.
Оваа изјава следуваше по забраната од страна на Венецуела на шест члена на Европскиот парламент да влезат во земјата за да се сретнат со Хуан Гваидо, привремениот самопрогласен шеф на земјата.
„Жалиме што Венецуела не им дозволи на европратениците да влезат“, изјави таа.
За можните нови санкции на Русија, Могерини изјави дека министрите постигнале консензус и дека дискусијата наскоро ќе дојде до заклучок.
Венецуела е зафатена со протести од 10 јануари, кога Мадуро положи свечена заклетва за втор мандат, по изборите кои беа бојкотирани од опозицијата.
Тензиите пораснаа кога на 23 јануари Гваидо се самопрогласи за вршител на должноста претседател, потег кој беше поддржан од САД и од многу европски и латиноамерикански земји.
Русија, Турција, Кина, Иран, Боливија и Мексико му ја дадоа својата поддршка на Мадуро.