Hasan Esen
30 Јануари 2017•Ажурирај: 30 Јануари 2017
БЕРЛИН (АА) - Високиот претставник на Европската Унија (ЕУ) за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини истакна дека нападот на џамијата во Канада покажал дека тероризмот претставува закана за граѓаните на целиот свет, без оглед на верата и уверувањата, јавува Anadolu Agency (AA).
Могерини преку пишано соопштение изрази сочувство до семејствата на загинатите во оружениот напад на џамијата во Канада.
Во таа пригода, Могерини изјави дека ЕУ токму како и Канада, дава поддршка на верските слободи кои се извор што ги јакне заедниците и дека ќе ги поттикнуваат и ќе ги штитат тие слободи. Според нејзините зборови, со Канада и со другите меѓународни партнери ќе биде продолжена борбата против секој облик на тероризам и екстремизам што пропагира насилство.
Нападот во Канада е извршен вчера, а цел беа верниците кои дојдоа на ноќната молитва. Тројца напаѓачи отворија оган на верниците и притоа усмртија шестмина, а ранија осум лица.