свет

Мицотакис го повика Ердоган на „заедничко преземање храбри чекори“

„Живееме заедно на овие простори. Непотребните тензии и трка во вооружување од страна на двете земји трошат вредни ресурси. Сето тоа може да се користи за доброто на нашите земји“, порача грчкиот премиер Мицотакис

Furkan Naci Top  | 21.07.2019 - Обновена : 22.07.2019
Мицотакис го повика Ердоган на „заедничко преземање храбри чекори“

АТИНА (АА) - Грчкиот премиер, Киријакос Мицотакис, зборувајќи за односите со Турција, упати повик до претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, за „заеднички пристап во чии рамки ќе бидат преземени храбри чекори“, јавува Anadolu Agency (AA).

Мицотакис вчера зборуваше на заседанието на грчкиот Парламент на кое се разговараше за програмата на грчката Влада.

Кусо осврнувајќи се на односите на неговата земја со соседна Турција, Мицотакис рече дека сака неговата земја да ја држи подалеку од лутите реторики и дека во согласност со меѓународните права и пријателска соработка, сака да направи чекор кон напред.

„Упатувам покана до Таип Ердоган за заеднички пристап во рамките на кој ќе преземеме храбри чекори“, порача Мицотакис и додаде:

„Живееме заедно на овие простори. Непотребните тензии и трка во вооружување од страна на двете земји трошат вредни ресурси. Сето тоа може да се користи за доброто на нашите земји“.

Лидерот на десничарската партија Нова демократија (НД), Киријакос Мицотакис, положи заклетва на 8 јули, ден по предвремените парламентарни избори во Грција, и стана новиот премиер на оваа земја.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.