Emre Gürkan Abay
17 Февруари 2022•Ажурирај: 18 Февруари 2022
МОСКВА (АА) ‒ Руското Министерство за одбрана соопшти дека сите воени единици кои ги завршија задачите во рамките на вежбите, вклучително и оние во Белорусија, ќе се вратат во своите бази, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на руското Министерство за одбрана, Игор Конашенков, истакна дека единиците кои први ги завршија вежбите, почнаа да се враќаат во своите воени бази.
Истакнувајќи дека во рамките на тековните заеднички вежби меѓу Белорусија и Русија, на 17 и 19 февруари ќе се пука со вистинска муниција, Конашенков рече: „По завршувањето на вежбите, како и секогаш, сите руски воени единици ќе се вратат во своите постојани бази.“
И покрај тоа што руското Министерство за одбрана соопшти дека војниците на некои точки на границата на земјата со Украина почнале да се враќаат во своите постојани бази, западните претставници тврдат дека овие изјави не се веродостојни.