Sarp Özer
05 Октомври 2020•Ажурирај: 05 Октомври 2020
АНКАРА
Министерството за национална одбрана на Турција соопшти дека во операцијата што ја започна Азербејџан за спас на окупираните територии, досега се ослободени 22 населени места, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во изјавата дадена од Министерството, дадени се информации во врска со операцијата што ја започна Азербејџан за ослободување на окупираните територии.
„Според информациите добиени од веродостојни извори на Азербејџан, во операцијата што ја започнаа Вооружените сили на Азербејџан за спасување на окупираните територии, до денес, спасени се вкупно 22 населени места. Тоа се: Џебраил, Караханбејли, Долно Сејитахметли, Мехдили, Долно Маралјан, Кујџак, Кенд, Хорадиз, Чакирли, Голем Мерџанли, Шејбеј, Талиш, Каркулу, Шуќурбејли, Горно Маралјан, Џерекен, Дашкесен, Хоровлу, Дежан, Махмутлу, Џаферабат, Сугавушан и селата Папи“, се нагласува во соопштението на турското Министерство за одбрана.