Emre Gürkan Abay
04 Ноември 2021•Ажурирај: 05 Ноември 2021
МОСКВА
Руското Министерство за одбрана истакна дека ги следат активностите на командно-контролниот брод „Маунт Витни“ на американската морнарица, кој навлезе во Црното Море, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во писменото соопштение од Министерството се наведува дека бродот на американската морнарица денеска влегол во Црното Море.
Се додава дека руската морнарица во Црното Море ги следи маневрите на командно-контролниот брод „Маунт Витни“.