Muhammed Sabry
19 Октомври 2023•Ажурирај: 20 Октомври 2023
ГАЗА (АА) - Министерството за здравство во Газа денес соопшти дека во израелските воздушни напади во Појасот Газа од 7 октомври досега загинале најмалку 3.785 Палестинци, пренесува Анадолу.
Во соопштението на Министерството се наведува дека во нападите се повредени над 12.000 луѓе.
Министерството, исто така, објави дека бројот на загинати Палестинци на окупираниот Западен Брег пораснал на 69, додека 1.300 се повредени.
Израел започна непрекинати воздушни напади врз Појасот Газа откако Хамас ги нападна израелските погранични градови.
Во нападот на Хамас загинаа над 1.400 Израелци.
Газа се соочува со тешка хуманитарна криза без струја, а водата, храната, горивото и медицинските материјали се при крај.