Fatih Hafız Mehmet
06 Септември 2019•Ажурирај: 09 Септември 2019
АНКАРА
Министерката за надворешни работи на Шведска, Маргот Валстром, најави дека ќе поднесе оставка, јавува Anadolu Agency (AA).
„Дојде време кога морам да поминувам повеќе време со својот сопруг, децата и внуците“, напиша Валстром на Твитер.
Додаде дека го известила премиерот за својата намера да ја напушти Владата на Шведска и местото на министерка за надворешни работи.
Министерката Валстром не наведе кога официјално ќе ја поднесе оставката.