Ahmet Gürhan Kartal
10 Октомври 2017•Ажурирај: 12 Октомври 2017
ЛОНДОН (АА) - Британската премиерка, Тереза Меј, го повика британскто општество да ги објасни или промени разликите во начинот на кој се третирани луѓето со различно етничко или расно потекло, јавува Anadolu Agency (AA).
Повикот на Mej дојде откако денес беше објавена владината ревизија за големиот диспаритет кој е присутен во образованието во земјата, пазарот на трудот и во правниот систем
Британската премиерка истакна дека ревизијата ќе стане „суштински ресурс во борбата за победување на етничката неправда“.
Објавена денес, владината ревизија за расната нееднаквост сугерираше дека невработеноста кај црномурестите, Азијците и малцинските етнички групи е речиси двојно поголема за разлика од возрасните бели Британци.
Црномурестите ученици кои потекнуваат од Карибите трајно се исклучувани од училиште трипати повеќе отколку белите Британци.
Над 70 отсто од учениците од основно училиште од кинеско потекло го исполнуваат очекуваниот стандард за читање, пишување и математика, во споредба со 54 отсто од белите британски ученици и 13 проценти од учениците од ромското население, покажува ревизијата.
Едни од клучните наводи на ревизијата, базирани на податоците собрани од владините тела, потврдуваат дека невработеноста кај црномурестите, азиските и другите етнички малцинства е речиси двојно поголема од белите Британци.
Извештајот од ревизијата покажува дека сопственици на свои домови најчесто се Индијците, Пакистанците и белците, во споредба со црномурестите и Бангладешаните.
Извештајот од ревизијата објавена денес коинцидира со новото истражување кое покажува дека жените од етничките малцинства се најмногу погодени од големо штедење.
Црномурестите семејства и семејствата со потекло од Азија се соочуваат со најголемиот пад на животниот стандард, според Извештајот на „Runnymede Trust“ и „Women’s Budget Group“.
Падот на животниот стандард во реални услови изнесува во просек годишно над 8.400 фунти, односно 11.000 фунти.
Меј истакна дека „луѓето кои живееле со дискриминација не им е потребна владина ревизија за да ги направи свесни за обемот на предизвикот“.
Според секретарот на заедниците, Саид Џавид, податоците нема да ги дадат одговорите зошто постои нееднаквост, но истакна дека владата сака да работи со надворешни групи за да изнајде начини со кои би можела да се справи со неправдата.
„Ние не се преправаме дека денес седиме тука со сите одговори, некои од нив би можеле да имаат рационално објаснување, но други ќе бараат делување“, изјави тој за Би би Си (BBC).