Emre Aytekin
03 Април 2021•Ажурирај: 04 Април 2021
АНКАРА (АА) - Во мексиканската сојузна држава Мичоакан, што се наоѓа во западниот дел на земјата, пронајдени се осум безживотни тела, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите на локалните медиуми, безживотните тела на осум мажи се пронајдени во близина на местото Агилиља.
Се истакнува дека овие лица биле застрелани, а нивните екстремитети им биле пресечени.
Обвинителството во оваа сојузна држава соопшти дека продолжува истрагата во врска со овие убиства и дека ќе се врши обдукција со цел откривање на идентитетот на лицата.
Во последен период често се случуваат масовни масакри во регионот во кој наркокартелите се борат за моќ.
Според податоците на Федералната безбедносна единица на Мексико, во јануари биле извршени 2.379 масакри, во февруари 2.206 масакри и во март 2.444 масакри.
Сојузните држави Гуанахуато, Мичоакан, Долна Калифорнија, Чиуауа и Веракруз се подрачјата каде што се вршат најмногу убиства.