Betül Yürük
17 Февруари 2018•Ажурирај: 18 Февруари 2018
ЊУЈОРК (АА) - Земјотрес со јачина од 7,5 степени по Рихтер го потресе Мексико, јавува Anadolu Agency (AA).
Американскиот Геолошки институт (USGS) соопшти дека епицентарот на земјотресот бил забележан два километри југоисточно од Пинотепа во Оахака, на југозападниот дел на земјата.
Забележан е на длабочина од 43 километри. Сеуште нема информации за материјалната штета ниту за човечките загуби. Не е издадено ниту предупредување за цунами.
Во септември минатата година Мексико го потресе земјотрес со јачина од 7,1 степен во кој животот го загубија 369 лица.