Sinan Doğan
09 Август 2021•Ажурирај: 10 Август 2021
БОГОТА
Вооружени лица извршија упад на забава во мексиканската држава Гуанахуато, при што животот го загубија 8 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите објавени во мексиканските медиуми, 3 вооружени лица извршиле упад за време на забава организирана во куќа во областа Санта Марија.
Полицијата на местото на нападот ги пронашла телата на 8 лица, меѓу кои и на една жена.
Во изјавите што очевидците ги дадоа за полицијата се истакнува дека нападот го извршиле три лица кои веднаш по нападот избегале со црвен пикап.
Започната е истрага за настанот.
Државата Гуанахуато е едно од местата во Мексико во кое присуството на вооружените банди е најголемо во земјата.