Sinan Doğan
18 Декември 2022•Ажурирај: 19 Декември 2022
БОГОТА (АА) - Во Мексико, една од земјите со најголем број убиства на новинарите во светот, оваа година се убиени 15 новинари, известува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Мексиканскиот комитет за заштита на новинарите се наведува дека земјата ја доживува најсмртоносната година за новинарите во последните 30 години, истакнувајќи дека досега се убиени 15 нивни колеги.
Комитетот констатираше дека мнозинството од убиените се новинари кои заработувале многу малку пари за живот, додека останатите биле слободни новинари.
Претставник на одборот, Јан Алберт Хутсен, ја нагласи неспособната на власта да ги спречи убиствата на новинарите. „Лопез Обрадор го политизираше новинарството повеќе од кога било претходно, како во текот на предизборната кампања, така и како претседател“, рече Хутсен.
Сиро Гомез Лејва, еден од најпознатите новинари во земјата, во последен момент го избегна нападот на вооружени лица на мотоцикл, кои се обидоа да го убијат на 15 декември.
Зборувајќи на дневниот брифинг за новинарите, претседателот Андрес Мануел Лопез Обрадор го осуди нападот на Лејва.
Според податоците на Репортери без граници (RSF), во Мексико се убиени над 150 новинари од 2000 година досега.