Sinan Doğan
11 Април 2022•Ажурирај: 12 Април 2022
БОГОТА (АА) - Народот на Мексико на референдумот одржан вчера го поддржа претседателот Андрес Мануел Лопез Обрадор да продолжи со својата должност, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Националниот изборен институт (INE) соопшти дека на референдумот, на кој одѕивот бил слаб, 90,3 отсто од бирачите гласале за тоа претседателот Лопез Обрадор да ја продолжи својата должност до изборите во 2024 година.
7,8 отсто од оние кои излегле на гласањето, гласајќи против побарале Лопез Обрадор да се откаже од својата претседателска функција.
Се истакнува дека референдумот не е правно обврзувачки бидејќи излезноста на гласачите е под 20 проценти.
Опозицијата, пак, вчера најави дека нема да учествува на референдумот со образложение дека референдумот е непотребен и скап.
- Зошто Лопез Обрадор сакаше референдум?
Пред претседателските избори во Мексико во 2018 година, Обрадор наведе дека доколку победи на изборите, во рок од две години ќе одржи референдум каде што ќе ги праша гласачите дали да продолжи со претседателската функција.
Поради тоа што овој вид на референдум во земјата се одржува за прв пат, во 2019 година беа направени неопходни измени во Уставот и се планираше референдумот да се одржи во 2021 година.
Поради пролонгирање на правниот процес, референдумот беше одложен за 2022 година.