Burç Eruygur
09 Јануари 2023•Ажурирај: 10 Јануари 2023
ИСТАНБУЛ (АА) - Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев рече дека со предавниците треба да се постапува според „посебни правила во услови на војна“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Апелирајќи до властите да го користат законот на земјата за справување со луѓето кои „преминале кај непријателот и посакуваат нивната татковина да пропадне“, Медведев рече дека доколку законот не успее, тогаш треба да се применат „посебни правила при услови на војна“.
Медведев во својата порака преку Телеграм истакна дека некои од овие предавници биле луѓе кои до неодамна „се сметале себеси за таканаречена интелектуална елита“.
„Во време на војна, отсекогаш постоеле такви посебни правила, и тивки групи на беспрекорно незабележливи луѓе кои ефикасно ги изведуваат“, рече тој.